Новите банкноти од 2014-та година не влегоа во промет, Норвешка е првото безготовинско општество во светот, иако се претпоставуваше дека тоа ќе биде Шведска. Овие информации ги соопшти Џон Николсен, еден од најстарите носители на економски одлуки во оваа богата европска држава.

 

Нивото на користење готовина во трансакциите е толку ниско што сметаме дека сме нација која го исфрла од употреба кешот“, објасни Николсен, тврдејќи дека се користат помалку од 3% од парите и дека плаќањето со нив опфаќа 10% од сите трансакции во Норвешка.

Во оваа држава дури и кафето се плаќа со картичка, односно по електронски пат.

„Нема тоа никаква врска со мерилата на Централната Банка, туку ова е одраз на желбите на сите кои парите ги користат секојдневно, а тоа се потрошувачите“, напомена економистот.

 

Според него, никој нема намера да го „ликвидира“ кешот, туку тој постепено излегува надвор од употреба и може воопшто да го нема поради зголемениот број алтернативни трансакции.

Имено, соседните држави Шведска и Финска се повеќе бегаат од кешот, а Николсен се плаши од целосно изчезнување не само во оваа држава, туку и во цел свет во наредните 10 години.