Магацинските работници неодамна станаа едни од најбараните работници, како во Србија, така и во регионот. Многу големи фабрики и компании мака мачат да најдат магационери, а заработката воопшто не е занемарлива. Не е редок случајот во Србија, газдите да им плаќаат на магационерите до 75.000 денари, додека во Хрватска платите на магационерите се движат и до илјада евра. Во моментов во Хрватска, работодавачите бараат повеќе од 2.000 магационери. Од работникот во магацин се очекува да ја сортира стоката, да управува со виљушкар, да пополнува документи. За ова занимање не е потребно високо образование. Единствениот услов е да имате средно училиште.

Просечната плата на магационерите е околу 40.000-45.000 денари, а во овој бизнис е можно да се постигнат значителни бонуси и да се зголеми заработката, па компаниите често тоа го истакнуваат во преден план на огласите за вработување. Се наградува и долгогодишно искуство, па работникот може да се унапреди на позицијата управител на магацин. Во многубројните огласи за ова барано занимање често се истакнува можноста за постојано вработување и дека најчесто се работи во прва смена. Во некои фирми работат од понеделник до петок, а понекогаш и во сабота. Покрај магацински работници бараат и возачи, а сè уште се први на листата на дефицитарни занимања во Србија и пошироко, пишува Каматица.