Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди „алчните“ зголемувања на цените во некои сектори, припишувајќи ги извонредните зголемувања на опортунизам, а не на економска неопходност. Тој ги повика граѓаните да ја искористат куповната моќ како средство за борба против профитерството. Ердоган ја нагласи „слободата да не се купува“ како моќен метод против бизнисите кои ги експлоатираат потрошувачите со превисоки цени.
„Еден од најефикасните методи за да се освестат оние што продаваат прескапи стоки е бојкотот. Нашето најсилно оружје против опортунистите е да ја искористиме нашата слобода да не купуваме“, нагласи тој.
Ердоган се повика на минатонеделните официјални податоци кои покажуваат дека инфлацијата во декември до крајот на 2024 година паднала повеќе од очекуваното на речиси 44,4 отсто на годишна основа во Турција. Тој рече дека бројките го потврдуваат напредокот на Владата во борбата против инфлацијата. Тој ги критикуваше опортунистичките практики и прекумерните профитни мотиви кои се особено очигледни во секторите како што се домувањето и изнајмувањето. Турција ја зголеми минималната плата за 30 отсто за 2025 година, што според Ердоган може да влијае на трошоците, но нагласи дека тоа не треба да ги оправдува високите цени. Ердоган рече дека владата ќе ги зголеми инспекциите во 2025 година за да се бори против зголемувањето на цените, објави Кликс.ба.