Бизнисот и натаму ги чека унгарските пари кои пред шест месеци им ги вети владата. Иако првичните информации од Илинденска број два беа дека до крајот на 2024та компшаниите ќе ги имаат на своите сметки парите за нови инвестиции, тоа не се случи.

Сега оптимистички за нив е ако дел од парите ги добијат до крајот на овој месец, што исто така е нереално, бидејќи ќе следува период во кој мкомерцијалните банки ќе треба да ги разгледуваат апликациите на компаниите и тие да бидат одобрени од нивните Надзорни одбори. Од Сојузот на Стопански комори за Телевизија 24 велат дека многу побрза би била процедурата ако имаше законска можност Развојната банка на Македонија да може да ги одобрува кредитите за заинтересираните фирми.

„Добро би било да се спроведуваше ова преку Македонската банка за обнова и развој или специјално формирано некое тело кое ќе може да ги систрибуира тие кредити, затоа што комерцијалните банки сепак работат со свои посебни политики каде што нивниот кредитен ризик може да биде доведен во прашање, и претпоставувам кога банките би одлучувале тие сепак би ги почитувале своите кредитни политики во оснос на кредитната изложеност на клиентот, висината на средствата, роковите и условите.“ – Ромео Костадинов потпретседател на ССК.

Неколку месеци веќе банките и владата ги договаат условите и правилата за тоа кој се ќе може да добие дел од кредиот од унгарската Експорт Импорт банка. Работата запна кај каматата која треба да ја добијат комерцијалните банки, односно нивната заработка.

„Во тек се процедури кои меѓуинституционално се завршуваат. Како Влада очекуваме во втората половина на месец јануари да се финишираат сите процедури и кредитната линија да стане оперативна.“ – Влада.

Според информациите на владина седница треба да поминат два договори кои треба да важат за фирмите, односно условите за аплицирање, а вториот договор треба да се однесува за трансферот на парите. Тоа што засега се знае е дека највисоката сума за која може да аплицираат фирмите е 10 милиони евра.

Но, компаниите треба да имаат 20 отсто учество. Во првите три години фирмите нема да плаќаат камати, а следните 12 години обврската кон банките ќе им биде 1,95 отсто. Главната камата од кредитот кој го подигна Владата е во висина ов 3,25 отсто, таа камата властите решија дека ќе ја плаќаат граѓаните.

Првичната најава беше дека парите од унгарскиот кредит ќе бидат наменети за отворање на нови производствени капацитети се со цел подобрување на продуктивноста на компаниите а со тоа да се влијае на подобрување  на македонската економија. Но, во последен момент  премиерот се премисли и рече дека со парите од кредитот да се градат и административни згради, но и трговски центри.