Две познати италијански модни куќи можеби ќе станат една, бидејќи „Прада“ се заинтересира за купување на „Версаче“.

По пропаднатите преговори за спојување меѓу „Тапестри“ и „Капри холдингс“ во ноември, „Капри холдингс“ се обрати до „Барклис“ за совети. Банката предложи продажба на брендовите „Версаче“ и „Џими Чу“, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на два анонимни извори.

Еден од изворите не ја исклучува можноста целиот „Капри холдингс“ да се продаде, особено по падот на приходите во последниот квартал од 2024 година.

За разлика од тоа, „Прада“ продолжува да бележи силни финансиски резултати. Нето приходот на компанијата за првите девет месеци од 2024 година пораснал за 15% на годишно ниво, достигнувајќи 3,83 милијарди евра.

Продажбата во Европа се зголемила за 16% (1,09 милијарди евра), во азиско-пацифичкиот регион за 9% (1,14 милијарди евра), а во САД за 7% (576 милиони евра).
„Нашите брендови остануваат привлечни и релевантни благодарение на нивниот силен идентитет, креативноста и јасното позиционирање,“ изјави извршниот директор на „Прада“, Андреа Гуера.
Доколку дојде до договор, ова би било значајно преструктурирање во модниот сектор.