Анализата на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 покажува дека годишно губиме над една милијарда евра поради сивата економија.
Се работи за пари кои наместо во државниот буџет завршуваат во приватни џебови, а тоа значи дека за 10 години сме изгубиле 10 милијарди евра протекле низ системот и фатиле кривина низ неформалните води.
Македонскиот БДП пак губи над 4 милијарди евра годишно, а ова сите претходни Влади го детектирале, тешко ја мереле и правеле стратегии за борба со неа – но само на хартија.