Јавниот долг на Италија продолжува да расте на крајот на ноември 2024-та година надминувајќи 3 трилиони евра, што е рекордно високо ниво. Ова го покажуваат податоците на централната банка на третата по големина економија во еврозоната.
Одржливоста на огромниот јавен долг на Рим долго време се сметаше за клучен фактор за опстанокот на еврозоната. Во исто време, Италија е меѓу најбавно растечките економии во областа на единствената валута откако беше создадена пред 25 години.
Долгот на Италија се искачи на над 3 трилиони евра во ноември во однос на 2,981 трилиони евра во претходниот месец, покажуваат податоците на централната банка на земјата.
Јавниот долг на земјата, чиј сооднос кон бруто домашниот производ (БДП) е втор по големина по Грција во еврозоната, се очекува да порасне на 138 отсто од БДП-то во 2026-та година за 135% во 2023-та година.
Доколку економскиот раст во 2025-та е значително под целта на владата од 1,2%, како што очекуваат повеќето аналитичари, односот долг кон БДП-то дополнително ќе се зголеми.
Како резултат на тоа, инвеститорите може да бидат помалку подготвени да купат италијански обврзници, што ќе го зголеми товарот на владата за сервисирање на долгот. Како процент од вкупната државна потрошувачка, ова оптоварување изнесува 6,8% во 2023-та година споредено со 7,5% една година порано, покажуваат податоците на италијанското Министерство за финансии и „UniCredit“.
Италија во 2024-та година беше ставен под постапка на прекумерен дефицит од страна на Европската унија (ЕУ). Рим се надева дека ќе го намали својот дефицит под горната граница на ЕУ од 3 отсто од БДП-то во 2026-та година од 7,2% во 2023-та година и цел од 3,8% во 2026-та година.