Граѓаните кои изминативе денови ги отплаќаа станбените кредити, од своите банки добија нови пресметки за ратите што ги плаќаат од јануари годинава. Народната банка на Србија одреди максималната каматна стапка на станбените кредити сега да не може да надмине пет проценти, што носи повисоки рати на најголемиот број од овие должници. Само малкумина можат да сметаат на пониски рати – тие главно земаа станбени кредити по јули 2022 година, кога каматите почнаа да растат, информира Н1.

Народната банка на Србија во декември 2024 година донесе одлука за ограничување на каматната стапка на станбените кредити на најмногу пет проценти од 1 јануари годинава. Оваа одлука се надоврза на претходната мерка на НБС, со која каматната стапка се ограничи на максимум 4,08 отсто за најголемиот број кредитокорисници на станбени кредити. Поради зголемувањето на каматната стапка од 4,08 на пет проценти – најголемиот број кредитокорисници сега ќе плаќаат повисоки рати.