Парите од унгарскиот кредит доцнат, а тоа веќе влиае врз инвестициската политика на компаниите. Стопанствениците почнаа отворено и јавно да алармираат дека се пречекоруваат термини кои биле ветени за добивање на средствата, но се уште ги нема.

Од Стопанскака комора велат дека има одредено доцнење, но се задоволни што ќе може да аплицираат сите компании.

„Можеби малку подолго е одолговлечено од датумот на кој требаше да се добијат парите, но сепак успеавме во нашите намери, сите компании да може да учествуваат во добивање на кредитот.“ – Наташа Јаневска Стопанска комора.

Парите кои се наменети за компаниите од овој кредит владата ги ветува веќе пет месеци. Првично, планот беше дека на сметките на компаниите средствата ќе легнат до крајот на ланската година, па работите се пролонгираа за до втората половина од јануари. Денеска е 20ти но од владата нема ништо ново. Се уште се чекаат институциите да се подготват и кредитирањето да започне.

Првичниот план на властите беше да се истурат 250 милиони евра во стопанството по што бизнисмените ќе градат фабрики и други производствени капацитети. Со тоа корист да има не само приватниот сектор туку и државата и граѓаните. Државата да добијава повеќе пари од даноци на компаниите а ќе се вработат и повеќе граѓани. Но, во последен момент властите решија дека може со парите од унгарскиот кредит да се градат и трговски центри, а главната камата да ја плаќа народот.

Утре владата да ги објави финалните услови и да започне кредитирањето, ќе биде потребно проектите на компаниите да поминат процес на одобрување од страна на банките, што и не е така брза процедура особено кога се работи за високи суми. Еден проект или инвестиција може да биде најмногу до 10 милиони евра, но условот е компанијата да има веќе 20 отсто обезбедени средства.

Каматата на фирмите за нивните средства изнесува 1,95 отсо, за целиот јредит од Унгарија тежок 500 милиони евра е 3,25 отсто, и тој ќе се плаќа со пари од државната каса.