Комуналните претпријатија бараат да склучуваат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цена по која „ЕСМ продажба“ ја продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, односно цената која служи за снабдување на населението и малите потрошувачи.
Деведесет јавни комунални претпријатија бараат да им се овозможи да плаќаат повластена цена на електрична енергија.
Во барањето испратено преку Здружение за даватели на комунални услуги – АДКОМ, јавните претпријатија велат дека во интерес на нивната ликвидност, а со тоа и во интерес на граѓаните е да плаќаат струја по единствена цена за киловат-час.
Комуналните претпријатија бараат да склучуваат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ по цена по која „ЕСМ продажба“ jа продава на универзалниот снабдувач со електрична енергија, односно цената која служи за снабдување на населението и малите потрошувачи.
Доколку не се преземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе предизвика несогледливи еколошки проблеми.
АДКОМ и 90 јавни комунални претпријатија очекуваат и апелираат надлежните да ја разберат неопходноста и итноста на носење на ваква одлука, која, напоменуваме е од интерес на сите.
Според податоци од официјални извори, што ги посочуваат во соопштението, од АДКОМ велат дека ЈКП на годишно ниво трошат до 50 гигават-часа електрична енергија, што е само еден отсто од производството од домашни извори кое изнесува минимум 5 000 гигават-часа на годишно ниво.
„Финансиската импликација на енормно високата цена на електричната енергија е застрашувачка во однос на тековното работење на претпријатијата. Помалку од 10 отсто од струјата што ја трошат претпријатијата отпаѓа на административни објекти, а повеќе од 90 проценти од потрошената електрична енергија го опфаќа работењето на пумпните станици за питка вода, атмосферските и фекалните пумпни станици и на пречистителните станици за отпадни води“,
додаваат од Здружението.
Оттаму велат дека доколку не се преземат соодветни мерки може да се очекува нередовно водоснабдување на населението и пречистување на отпадните води, што во крајна линија ќе го загрози здравјето на населението во целата држава и ќе предизвика несогледливи еколошки проблеми.
АДКОМ и 90 Јавни комунални претпријатија очекуваат и апелираат надлежните да ја разберат неопходноста и итноста на носење на ваква одлука, за која, напоменуваат дека е од интерес на сите.
„Енергетската криза во 2022 година предизвика хаос, отежнување на работата и затворање на многу претпријатија. Јавните комунални претпријатија и покрај сите потешкотии и загуби кои беа направени во тој период, па се до денес, остануваат да работат во интерес на граѓаните. До кога не се знае“,
додаваат од АДКОМ.