Вкупните депозити на годипно ниво во декември 2024 забележаа раст од 12,4%, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор.

Вкупните кредити, пак, имаат раст од 11,2% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Во декември 2024 година, согласно со сезонската динамика, паричната маса, оствари месечен раст од 5,6%, во поголем дел поради зголемените депозитни пари и краткорочни депозити, при позитивен придонес и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години.

На годишна основа, паричната маса е зголемена за 10,2%, како резултат на растот на депозитните пари, долгорочните депозити до две години, краткорочните депозити и готовите пари во оптек.

Вкупните депозити, во декември, забележаа месечен раст од 5,3%, којшто се должи на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

На годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 12,4%, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор.

Во декември, вкупните кредити бележат месечно и годишно зголемување за 2,7% и 11,2%, соодветно.

Месечната и годишната промена е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор во декември се зголемени за 8,7% на месечно ниво.

Притоа, промената пред сè произлегува од растот на краткорочните депозити во странска валута и на депозитните пари, при помал раст и на краткорочните и на долгорочните депозити во денари, додека долгорочните депозити во странска валута остварија пад.

Анализирано на годишна основа, овие депозити бележат раст од 9,2%, којшто се должи на зголемувањето на сите компоненти, со поголемо учество на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при раст и на долгорочните депозити во денари и во странска валута.

Кредитите на корпоративниот сектор5, овој месец, остварија месечен раст од 4,4%, којшто во поголем дел е резултат на повисоките кредити во денари, при помал раст и на кредитите во странска валута.

Годишниот раст изнесува 13,9% и во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари.  Вкупните депозити на домаќинствата, во декември, се зголемени за 3,9% на месечна основа.

Промената пред сè е резултат на растот на депозитните пари, при дополнителен раст и на долгорочните депозити во денари и во странска валута и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат пад.

На годишна основа, растот изнесува 13,8% и произлегува од зголемените депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.

‒ Во декември, кај кредитите на домаќинствата е забележан месечен раст од 1,1%, којшто во поголем дел произлегува од зголемените кредити во странска валута.

Годишниот раст изнесува 8,8% и се должи на растот на кредитите во денари и во странска валута, поизразен кај кредитите во денари.

Во декември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е остварен месечен раст од 1,3% и 2,3%, соодветно, во услови на годишен раст од 7,5% и 12,5%, соодветно.

Автомобилските кредити, овој месец, се намалени за 2,9% на месечно ниво, при годишен раст од 4,7%.

Во ноември, кредитите одобрени на кредитните картички, бележат месечен и годишен пад од 1,9% и 9,2%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 13,5% и 4,4% на месечна и годишна основа, соодветно.

Кредитите одобрени врз други основи се зголемени за 0,2% на месечна основа, при годишен пад од 12,0%, се наведува во соопштението од Народната банка.