ЕУ ќе и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош во 2025 година во рамките на Кредитната иницијатива Г7 ЕРА и програмата за Украина, најави потпретседателот на Европската Комисија и европски комесар за трговија Валдис Домбровскис.

„ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на Украина преку кредитната иницијатива Г7 ЕРА и помош за Украина во износ од 35 милијарди евра за 2025 година“, напиша Домбровскис на платформата „Х“.

Тој наведе дека за време на неговиот престој во Давос се сретнал со првата заменик-премиерка на Украина, Јулија Свириденко, со која разговарале за проширувањето и чекорите насочени кон приближување на Украина до единствениот пазар на ЕУ.