Даночната управа на Хрватска попладнето објави нови податоци кои ги покажуваат резултатите од граѓанскиот бојкот на продавниците во земјата поради високите цени, организиран од здруженијата за заштита на купувачите.

Според вкупните податоци до 16 часот, прометот во хрватските маркети паднал за 29 отсто во однос на минатиот петок, додека износот на сметките исто така бил помал, и тоа за 31 отсто. Но, она што најдобро покажува како Хрватите реагирале на бојкотот на продавниците се податоците за активноста на трговијата на мало, кои покажуваат дека бројот на сметките паднал за 43 отсто во однос на минатиот петок, а износот на платените сметки – за цели 50 отсто.

Бојкотот на продавниците, малопродажните синџири и бензинските пумпи поради постојаните поскапувања, кој се прави на иницијатива која започна од фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, поддржана од Европската Центар за извонредност на потрошувачите, е поддржан и од повеќе здруженија за заштита на потрошувачите, од синдикатите, политичките партии, па дури и од самиот министер за економија на земјата.