По примерот во Хрватска и Црна Гора, и во Македонија се појави повик за бојкот на маркетите.
Според информациите, најавите се за в петок (31-ви јануари).
Зголемените цени предизвикаа незадоволство кај граѓаните, па следејќи го соседството, и во Македонија објавена е иницијатива во која се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги во маркетите во петок, како начин да испратат силна порака до оние кои се одговорни за актуелната економска ситуација.
„Повикуваме на голем бојкот во петок. Се воздржете од купување во големите и помалите маркети. Нашата цел е да покажеме дека граѓаните не ја прифаќаат оваа неразумна поскапувачка динамика,“ се наведува во објавите на социјалните мрежи.