Во чест и спомен на ликот и делото на Тоше Проески, Комерцијална банка и оваа година беше горд поддржувач на 15-от турнир во мал фудбал, кој го носи името на македонската музичка легенда.

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево годинава беше домаќин на шест фудбалски екипи од регионот, а Комерцијална банка даде свој придонес и со учество на Синдикалната организација со своја екипа.

Комерцијална банка традиционално е спонзор на овој турнир организиран од Здружението Мандра како резултат на посветеностa кон поддршка на локалните спортски и културни настани, зачувување на делото на Тоше Проески, симбол на хуманост, љубов и единство, и на унапредување на заедницата преку спорт и солидарност.

Турнирот, кој ги обединува љубителите на спортот и почитувачите на големата хуманост на Тоше, претставува повеќе од игра – тој е потсетник за вредностите што ни ги остави како наследство.