Додека владата на Мицкоски е летната во облаци и мисли да купува авион Македонија се најде на третото место во Европа според поскапувањето на лебот, покажаа последните податоци на Евростат.

Огромна е скапотијата, граѓаните се борат да преживеат и да ги задоволат основните потреби а владата не презема ништо.  Цените на основните производи се вивнати до небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни 63.000 денари.

Ова е директен резултат на погрешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои ги фаворизираат богатите елити, а ги забораваат граѓаните.

Големата скапотија и високите цени ги изедоа приходите на македонските семејства и тоа е закана за зголемување на сиромаштијата.