Земјоделците самостојно можат да направат електронски увид за најважните податоци поврзани со поднесените барања за субвенции. Министерството за земјоделство подготвува нова програма со одредени промени на системот во субвенционирање…
Од оваа година субвенционирањето ќе претрпи одредени административни олеснувања за скратување на времето за аплицирање на земјоделците.
Преку електронскиот преглед во платежната агенција ќе можат да ги добијат податоци за поднесените барања за субвенции за одобрување, исплатен износ и датум на исплата и измени и дополнувања на податоците.
За пристап кон пребарување потребно е да се внесе матичниот број за физичко лице или бројот на електронското барање за правниот субјект.
Промени се очекуваат и кај авансирањето на субвенциите кои треба да бидат укинати. Измени ќе претрпи и субвенцијата за зелената нафта за поголема ефикасност на мерката.
За битните стратешки култури ќе има и зголемување на финансиската поддршка со цел да ги стимулира земјоделците повторно да се вратат во процесот на производство.