Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека за годинава е можна „стабилизација“ на цените на становите.
Но, тој додаде дека не очекува намалување на цената на квадратниот метар бидејќи, според него, потребни се многу мерки кои треба да се спроведат за тоа да се случи.
„Веќе полека се појавува помал интерес на купување на готови станови, затоа што сите категории на целни групи што можеа да купат, купија и гледаат дека профитабилноста во она што значи вложување во недвижнини и од нив правење профит преку издавање, веќе не е тоа и тука почнува да паѓаат и стагнираат цените“, вели Велковски.