Binance, водечката светска криптовалутна берза, го најавува првиот Binance Community Meetup – средба со корисници во Босна, Сараево. Овој настан ќе биде уникатна можност за членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.
Првиот Binance Meetup во Босна е закажан за 12 февруари, од 17:00 до 21:00 часот во Хотел Хилс, Бутмирска цеста 18, Илиџа, Сараево. Следниот настан е најавен за Скопје.
„Нашите корисници и заедницата се во суштината на нашите вредности. Редовно организираме заеднички состаноци ширум светот и со задоволство најавуваме дека следниот месец ќе го одржиме првиот состанок во Скопје. Следете нè за повеќе информации“, изјави Сандро Слукан, одговорен за маркетинг за Балканот во Binance.
Присуството за средбата во Сараево е бесплатно, но поради ограничените места, потребна е предрегистрација достапна на линкот.
За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед за последните продукти и иницијативи на Бајнанс, туку ќе имаат можност да учествуваат во доделување награди, ќе добијат ексклузивни промотивни производи и ќе имаат можност за средби и контакти со останатите членови од крипто заедницата.
Binance продолжува да го поттикнува растот на глобалната крипто заедница преку обезбедување пристап до релевантни информации, иновативни производи и можности за вмрежување во крипто индустријата.
Агенда на средбата:
17:00 – 18:00 часот, Пристигнување и регистрација
18:00 – 18:15 – Сандро Слукан – Binance, Отворена сесија
18:15 – 18:45 – Алексеј Макаров – Преглед на производи и пазар: најновите трендови во крипто индустријата, производите на Binance и нивните придобивки за корисниците.
18:45 – 18:55 – Мушуко Чарквиани Презентација на Програмата за партнерства на Binance и како корисниците можат да заработат преку здружување.
18:55 – 19:05, Angels & KOLs дискусија за финансирање во рана фаза за стартапи и клучните лидери за формирање мислење, Стив и Џек ќе ги споделат своите искуства работејќи со Binance и ќе разговараат за улогата на заедницата и клучните лидери на мислење во крипто индустријата.
19:05 – 19:15, Kahoot квиз со Мушуко Чарквиани, присутните ќе го тестираат своето знаење за Binance и криптовалутите со можност да добијат награди.
19:15 – 19:30 часот, Сесија за прашања: Алексеј и Сандро ќе одговараат на прашања на публиката за производите на Binance и за трендовите во индустријата.
19:30 – 21:00 часот, Вмрежување. Завршниот дел од настанот ќе им овозможи на гостите да се поврзат во секојдневен амбиент и да разменат контакти.
****
За Binance.com
Binance е водечки глобален децентрализиран екосистем зад најголемата светска берза на криптовалути по обем на тргување и по регистрирани корисници. На Binance му веруваат повеќе од 230 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста на индустријата, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата на инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства – од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем со цел да ја зголеми на слободата на плаќањето и финансискиот пристап за луѓето ширум светот со криптото како основно средство за плаќање.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата https://www.binance.com