Работниците на велешка „Колска“ ја добиле декемвриската плата и штрајкот го ставија во мирување, односно, блокирањето на железничкиот сообраќај на железничка станица Велес најавен минатата недела, за денеска, не се реализираше.
Претседателот на синдикалната организација на ССМ, Тони Арсовски, за ТВ 24, потврди дека има поместување на работите во нивна корист. Покрај исплата на платата, тие минатата недела на протестот пред капијата на фабриката за шински возила побараат исплата на здравствено осигурување и к-15 за минатата и за 2023 година.
За нивните барања добија поддршка сојузот на Синдикатите на Македонија.