Трамп соопшти дека ќе воведе царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Цената на златото е на историски максимум.

Цената денеска изнесува речиси 2.900 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе воведе царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Златото поскапи за 1,12 отсто за да се тргува за 2.892,20 долари за унца рано утринава, додека среброто поскапи за 0,60 отсто до 32,05 долари за унца во исто време. Цената на платината се зголеми за  0,30 отсто и се тргуваше за 985,33 долари за унца, додека паладиумот поскапи за 0,04 отсто и се тргуваше за 963,47 долари, пренесе Teletrader.