Владата на Србија од 1 февруари ги зголеми акцизите за гориво, алкохолните пијалаци, кафето, течностите за полнење електронски цигари, никотинските кеси, тутунските производи, природниот гас за финална потрошувачка и компримиран природен гас. Тоа е вообичаено зголемување, бидејќи акцизите се прилагодуваат на ланската инфлација во февруари или мај. Да потсетиме, инфлацијата во Србија на крајот на минатата година изнесуваше 4,3 отсто, пренесува Данас.

Соговорниците велат дека зголемувањето на акцизите ќе влијае на натамошното поскапување на акцизните стоки и дополнително ќе ги оптоварува домашните буџети на просечното домаќинство во Србија. Најголема добивка ќе има за државниот буџет од кој ќе се финансира изградбата на патишта, објекти за изложбата „ЕКСПО“ и други планирани проекти.

На прашањето дали зголемувањето на акцизите ќе влијае на цената на овие стоки, професорот на Економскиот факултет Љубодраг Савиќ за „Данас“ вели дека секое зголемување на секој трошок, што секако се акцизите, мора да ги зголеми цените на стоките во помала или поголема мера.