На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во четвртокот во претпладневното тргување падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,85 поени, додека вчера во истиот пресек од трговскиот ден изнесуваше 108,05 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 153,55 на 154,35 јени.
Американската валута, пак, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0395 долари, додека во средата во истиот момент чинеше 1,0360 долари.
Цените на нафтата, пак, значително паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,97 отсто, на 74,45 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,97 отсто, на 70,70 долари.