Албанската Влада ќе издаде нова еврообврзница, со која ќе се задолжи со 650 милиони евра, со рок на отплата од 10 години.
Taa ќе биде искористена за покривање на потребите на владата, како исплата на претходни долгови и други буџетски трошоци, објавија албанските медиуми.
Ова е седма еворобврзница од 2010 година наваму со која Владата во Тирана се задолжува на странските пазари. Вредноста на задолжувањето на Албанија преку еврообврзници досега изнесува 3,15 милијарди евра.