Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство исплати  315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Како што информираат од министерството, исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје.

„Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар“, велат од МЗШВ.

Висината на директните плаќања, како што велат од МЗШВ, се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11.