Земјоделците кои поседуваат најмалку 2 декари лозов насад ќе можат да добиваат субвенции за нивно одржување. Висината на финансиската поддршка е 42.000 денари по хектар за сите лозови насади.
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани имаат право на 42.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 0,2 хектара, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2024 година.
Субвенцијата се намалува со зголемување на пријавените површини.
Од 0,2 до 10 хектари субвенцијата е 100 проценти, од 10 до 30 е 60 и над 30 хектари е 30 проценти збирно за сите сорти.
Земјоделски стопанства кои имаат посадено сертифицирани лозови садници од домашно производство набавени од регистрирани снабдувачи имаат право на субвенција од 35 денари за купен посаден лозов во период од 1 ноември 2024 до 31 март 2025 година.
Минималната посадена површина треба да изнесува 0,2 хектари. Прифатлив број на купени и посадени лозови садници по хектар изнесува најмалку 1.390 садници, а најмногу 4.000 садници по хектар.
Максималниот износ на поддршка по корисник е 240.000 денари.