Украинските власти проценуваат дека околу 5% од светските „критични суровини“ се наоѓаат во таа земја.
Украинските власти проценуваат дека околу 5% од светските „критични суровини“ се наоѓаат во таа земја.
Меѓу нив има околу 19 милиони тони резерви на графит, што, според Украинската Државна геолошка агенција, ја прави Украина „меѓу петте водечки земји“ во однос на резервите на овој вреден минерал. Графитот е клучен за производство на батерии за електрични возила.
Покрај тоа, Украина има една третина од сите европски наслаги на литиум, што е исто така важно за производство на модерни батерии.
Пред руската инвазија, Украина имаше 7% од глобалното производство на титаниум, лесен метал што се користи во изградбата на сè, од авиони до електрани.
Понатаму, Украина има значителни резерви на ретки метали – група од 17 елементи кои се користат во производството на оружје, турбини на ветер, електроника и други производи клучни за модерната технологија.
Дел од овие наоѓалишта на минерали беа преземени од Русија. Според украинската министерка Јулија Свириденко, ресурсите во вредност од околу 350 милијарди долари во моментов се наоѓаат на окупираните територии.
Зошто САД ги сакаат?
Критичните минерали „се темелот на економијата на 21 век“, објаснува др. Мугах. Тие се клучни за обновливите извори на енергија, воената индустрија и индустриската инфраструктура и играат сè постратешка улога во геополитиката и глобалната економија.