Критичарите укажуваат на нејасни резултати од секој пакет на јавно трошење и тврдат дека ваквите интервенции го оштетуваат долгорочното економско здравје
Во САД постои неизвесност околу најавените увозни царини и кратењето на државните работни места, при што економијата стагнира додека невработеноста не се намалува, јавуваат дел од американските медиуми повикувајќи се на мислења на аналитичари и економисти.
Во четвртото тромесечје од 2024 година бруто домашниот производ на земјата пораснал на очекуваните 2,3 отсто, соопшти денеска Министерството за трговија, по објавените ревидирани прелиминарни податоци. Основниот индекс на лична потрошувачка (core PCE) изнесувал 2,7 отсто, додека аналитичарите очекуваа показател од 2,5 отсто.
Во меѓувреме, бројот на поднесени барања за исплати за невработеност минатата недела се зголемил до 242.000, додека аналитичарите, прогнозираале 221.000, укажува прелиминарниот извештај на Министерството за труд.
Според ревидираните податоци, претходната недела бројот на поднесени барања за изнесувал 220.000. Првично, министерството соопшти дека имало 219.000 барања. Просечниот број на барања во текот на четири недели, што е поточен показател за промените во пазарот на труд, се зголемил на 224.000, од ревидираните 215.500.
Вкупниот број на поднесени барања за невработеност до крајот на неделата заклучно 15 февруари изнесувал 1,862 милиони лица, аналитичарите прогнозирале 1,872 милиони.