Управата за јавни приходи (УЈП) ја завршила истрагата за фирмите кои со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот. Документацијата веќе е предадена на истражните органи. Според директорката на УЈП, Елена Петрова се работи за 10 компании, а сумата за неплатен данок е 4 милијарди денари (околу 65 милиони евра).
„Нашата работа е завршена, а сега се на потег истражните органи,“ изјави Петрова, истакнувајќи дека истрагата опфатила десетина компании и дека штетата за државниот буџет изнесува 4 милијарди денари (околу 65 милиони евра)“, рече денеска на прес конференција Петрова.