Поради доцнењето на платите, многу работници се принудени да земаат брзи кредити, дозволени минуси, позајмици со високи камати а тоа дополнително ја влошува нивната финансиска состојба.  Поради тоа Левица поднесува предлог измени на закон, наместо до 15ти во месецот платите да се исплаќаат до петти. Оваа измена е согласно европските стандарди – во многу држави, платите се исплаќаат веќе до крајот на тековниот месец и максимално до првите денови на наредниот месец, велат од Левица.