Германскиот автомобилски гигант Ауди, дел од концернот Фолксваген, ја затвори својата фабрика во Брисел. Оваа фабрика постоеше 76 години, предизвикувајќи отпуштање на илјадници работници. Одлуката доаѓа како резултат на падот на продажбата. Како и растечкиот притисок од евтините кинески автомобили, кои го менуваат пазарот на автомобилска индустрија.

Затворањето на фабриката доведе до укинување на 3.000 работни места. Ова се случи само неколку дена пред Урсула фон дер Лајен, да го презентира планот за помош на автомобилската индустрија во нејзината транзиција.

Како што јавуваат медиумите, компанијата подготвува акциски план за намалување на трошоците. Целта е  да се обезбеди нејзиниот опстанок. Ауди планира да ги намали своите материјални трошоци за 8 милијарди евра до 2030 година.

Менаџментот исто така размислува за потенцијални намалувања на работните места во секторите за менаџмент, продажба и технички развој, како и аутсорсинг на делови од нивната операција.