Во 2024 година Европската унија извезла стоки во вредност од 213,3 милијарди евра во Кина и увезла за 517,8 милијарди евра, што резултирало со трговски дефицит од 304,5 милијарди евра, објави денеска Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ забележува дека Кина беше најголемиот надворешен трговски партнер на Европската унија со учество од 21,3 отсто и трет најголем извозен партнер со 8,3 отсто.
Во однос на 2023 година, увозот од азиската земја во ЕУ е намален за 0,5 отсто, а извозот за 4,5 отсто.
Од друга страна, во периодот од 2014 до 2024 година увозот од Кина е зголемен за 101,9 отсто, а извозот за 47 отсто.
Најмногу увезени производи од Кина се електрични машини, апарати и електрични делови (вредни 96,8 милијарди евра), телекомуникациски и аудио опрема (60,9 милијарди евра) и канцелариски и машини за обработка на податоци, како персонални компјутери, сервери и други (45,9 милијарди евра).
Трите споменати области учествуваа со 39,3 отсто од вкупниот увоз на Европската унија од Кина.