Според РКЕ, малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денари и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот еуросупер БС-98 се намалуваат за еден, а на еуросупер БС-95 за половина денар и ќе се продаваат за 76,5 односно за 74,5 денари за литар.
Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на дизел горивата ќе биде пониска за два денари по литар, додека бензините поевтинуваат за половина до еден еден денар по литар. Ова е одлуката што денеска ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад отпад (РКЕ), со која, како што информираат, оттаму, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто.
Така, според РКЕ, малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денари и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот еуросупер БС-98 се намалуваат за еден, а на еуросупер БС-95 за половина денар и ќе се продаваат за 76,5 односно за 74,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,240 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС чија цена ќе изнесува 42,261 денари.
Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 51,432 отсто, кај дизелот за 4,044, кај екстра лесното масло за 3,960 и кај мазутот за 2,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995 отсто.