Граѓани на повеќе европски држави започнаа да ги бојкотираат американските производи. На социјалните мрежи вирално се шири иницијативата за бојкот на „Made in USA“. Најактивни засега се граѓаните на Шведска. Дел од европските медиуми веќе почнаа да известуваат за оваа иницијатива и за евентуалните штети по американската економија. Ова е само едно од движењата кои повикуваат на бојкот како одговор на промените во американската политика, вклучително и оние поврзани со руската агресија врз Украина и царините за европските производи.

Вакви движења за бојкот на производи од Соединетите Американски Држави беа основани во Шведска, а беа организирани преку социјалната мрежа Фејсбук. Имено, Фејсбук групите „Boykot varer från USA“ која обединува 67.000 корисници на оваа социјална мрежа и „Boykotta varor från USA“ која собира повеќе од 70.000 корисници, ги пренесува Klix. Коментарите на поддржувачите на бојкотот се во однос на тоа дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.

Швеѓаните  повикуваат да не купуваат производи и услуги од некои од водечките американски брендови, вклучително и McDonald’s, Coca-Cola, Nike, Levi’s, Netflix, Google и Airbnb.

Јаник Кохинур, која е креаторката на групата „Bojkotta varor från USA“, смета дека  дека се чувствувала обврзана да го стори. Таа вели:

„Кога веќе не можам да гласам на американските избори и да протестирам на американските улици, почувствував дека морам да направам нешто“, рече таа.

Интерресно е тоа што на нејзината страница може да се видат препораки за алтернативни производи на американските.

“Тешко е затоа што се има американско влијание. Така што е страшно тешко. Тогаш треба да бојкотирате речиси се”, напишал еден од членовите на споменатата група на Фејсбук.

Најголемиот дел од коментарите се позитивни и охрабрувачки, но дел признаваат дека тешко е да се убедат луѓето да ги бојкотираат американските производи бидејќи можеби не размислуваат од каде доаѓаат тие производи кога ги купуваат.

Кохинур истакна дека била критикувана за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки конгломерат Мета. Сепак, како што наведе таа, нема подобра алтернатива и дека луѓето ќе мора да се менуваат како што ќе се појават алтернативите.

Од другата страна на планетата пак, до Америка стаса предупредување од Канада. Ако САД ја ескалираат ситуацијата ќе ја прекинеме испораката на струја, а дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за 25 отсто, тоа е прво што ќе направиме. Веќе Њујорк, Минесота и Мичиген имаат поскапи енергенси за 69 долари. Овие предупредувања дојдоа лично од премиерот на Онтарио Даг Форд.

„Доколку САД ја ескалира ситуацијата, целосно ќе им ја прекинам струјата. Верувајте ми, не сакам да го правам тоа и се чувствувам ужасно за Американците кои не ја започнаа оваа трговска војна. „Постои само едно лице одговорно – претседателот Трамп“, рече Форд на прес-конференција во Торонто.“

Според неговата одлука, Онтарио ќе наплати данок од 25 проценти на електричната енергија што се продава во САД, што на владата на оваа канадска провинција ќе и донесе дури 277.000 долари дневно. Форд гарантира дека мерката ќе остане на сила се додека американскиот претседател Доналд Трамп не се повлече од тарифната војна.

Трамп првично воведе царини од 25 отсто на целиот увоз од Канада и Мексико, а потоа се предомисли и ги суспендираше на еден месец царините за увоз опфатени со договорот за слободна трговија меѓу трите земји.

Мексико не воведе одмазднички тарифи, но Канада го има и продолжува да го прави тоа и покрај повеќемесечната пауза на Трамп. Меѓу другото, важат тарифи за увоз на сок од портокал, апарати за домаќинство, козметика, обувки, мотоцикли и хартија од САД.