Првиот договор од програмата на Владата на Србија за купување недвижен имот за млади, со субвенционирана камата, ќе биде потпишан со банката „Поштенска штедилница“, најави Огњен Поповиќ од Министерството за финансии, информира РТС. Тој посочува дека кај таа банка за купување на недвижен имот ќе можат да аплицираат и млади од 20 до 35 години. Во следните четири години на располагање се 400 милиони евра.

На сила е новиот Закон за заштита на корисниците на финансиски услуги, кој треба да ги заштити граѓаните од високите каматни стапки, како и Законот со кој се регулира купувањето на првиот недвижен имот за младите во Србија со субвенционирани каматни стапки. Поповиќ посочува, станува збор за збир закони кои или ќе ги ограничат веќе постоечките обврски или ќе овозможат нови под многу поволни услови за младите. Денеска, најави тој, ќе биде потпишан првиот договор со банката „Поштенска штедилница“, со што граѓаните ќе можат да поднесат барања за купување на првиот недвижен имот.

„Во следните 30 дена сите банки во Србија можат да се приклучат на оваа програма и очекуваме дека голем број ќе одлучат да учествуваат. Првата банка – Поштенска штедилница – влегува во програмата и граѓаните веќе можат да поднесат барања и тие формално ќе бидат обработени“, објасни Поповиќ.

За кредит за купување стан можат да аплицираат сите млади луѓе од 20-годишна возраст, односно од 20-тиот роденден, до 35-тата година, односно ден пред нивниот 36-ти роденден. Тој вели дека има мали разлики во однос на условите, но дека во програмата се вклучени и привремено и постојано вработени, но и невработени.

Вработените, во зависност од проценката на банката, може или не мора да обезбедат гарант. Но, и банката да го побара тоа, не мора тој гарант да биде исплатувачот, нема да му се оценува кредитната способност, туку тој што е вработен т.е. кој аплицира за заем, објаснува Поповиќ.

„Од друга страна, невработените се должни да обезбедат гарант кој мора да биде гарант-плаќач додека не се вработат. Станува збор за родители, браќа, сестри, членови на потесното семејство“, прецизираше помошник министерот за финансии.