Хрватската Влада донесе одлука за намалување на платите и додатоците на плати за вработените во основните и средните училишта, како и во науката и високото образование, за време на штрајк. Од Владата велат дека штрајкот најавен за утре не е оправдан. Во соопштението на Владата се потсетува дека во последните осум години континуирано се зголемуваат платите во јавниот сектор, вклучително и образованието.

Во тој период приходите на вработените во образованието се зголемени меѓу 80 и 100 отсто, со ефект од 48 отсто зголемување на основицата, зголемување на коефициентите и даночни олеснувања. Од Владата потенцираат дека образованието е еден од клучните приоритети, што го потврдува и големиот инвестициски циклус во образовната инфраструктура вреден 2,7 милијарди евра.

Исто така, средствата за образование и наука се зголемени од 1,8 милијарди евра во 2016 година на 4,6 милијарди евра денес. Согласно новата законска рамка, редефинирањето на коефициентите на платите се врши преку Советот за следење и унапредување на системот на плати во државната и јавната служба. Владата смета дека едностраното покачување на коефициентите или воведувањето додатоци без законска основа ја нарушува правичноста на системот. Зголемувањето на платите мора да се постигне со дијалог, а не со штрајк, од кој нема корист никому, а најмалку на децата и студентите“, се заклучува во соопштението на Владата. За разлика од Хрватска, не се намалени платите на професорите на факултетите кои четири месеци се локализирани, туку на наставниците и професорите во основните и средните училишта. Наставниците штрајкот го започнаа во декември и првично земаа целосни плати, но февруарската плата им беше намалена според бројот на работни денови, објави Србија Данас.