Како што растат цените на јајцата во Америка, потрошувачите почнаа да ги набавуваат vо Мексико и Канада.
Американското Министерство за земјоделство забранува ваков увоз на јајца кои не се проверени по официјални канали бидејќи може да шират болести, пишува Волстрит журнал, а пренесуваат хрватските медиуми.
Таканаречениот „пресретнат“ увоз на јајца се зголеми за 36 отсто низ САД во однос на претходната година, покажуваат податоците на американската Царина и гранична заштита. Во делови од Тексас поблиску до мексиканската граница, тој број е зголемен за 54 отсто, според Царината и граничната заштита на САД (CBP). Во Сан Диего повеќе од двојно е зголемен бројот на шверцувани јајца.
„Разликата во цената е огромна, јајцата се поевтини за околу 70 проценти во Мексико“, велат од царинската служба.
Просечната цена на 12 јајца од класа А во САД минатиот месец беше 5,90 долари, што е помалку од околу 3 долари една година порано. Клиентите во некои продавници плаќаат и до десет долари или повеќе за јајца. Причина за наглиот скок на цената на јајцата се последиците од птичјиот грип и уништувањето на голем број живина.
Цените на јајцата во Мексико генерално се под 2 долари за 12 јајца, иако во некои погранични градови сега достигнаа цена од околу 2,30 долари, според податоците на мексиканската влада.