Со оглед на демографските трендови и нискиот природен раст што се очекува во наредните децении, проблемот со недостигот на работна сила во Хрватска ќе остане актуелен, објави Пословни дневник.

Доколку продолжи да расте со сегашното темпо, на економијата ќе ѝ недостасуваат од 450 до 500 илјади странски работници во следните пет години, односно до 2030 година.

Ако не сакаме паралелни општества, итно треба да работиме на нивна интеграција во нашата заедница, беше речено на конференцијата на Хрватската стопанска комора – Образование за професијата на иднината.

Советникот на претседателот на ХГК, Петар Мишевиќ и заменик-ректорот на Универзитетот Север, изјавија дека е исклучително важно образовните програми да се адаптираат, менуваат и ревидираат и на тој начин да ги следат потребите на пазарот на трудот.

Хрватска мора да има дизајнирано образовни политики и нови политики на полето на прифаќање на странска работна сила, со оглед на тоа што најголемиот дел од странците кои моментално работат во Хрватска доаѓаат не само од Југоисточна Европа, туку и од Азија.