Германската автомобилска компанија „Mercedes-Benz Group AG“ ја разгледува можноста за преместување на дел од производството во САД како одговор на царините од 25 отсто за увоз на автомобили што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Блумберг.
Овој потег најверојатно ќе мора да се направи се со цел компанијата на тој начин да ги надомести трошоците од новите мерки, изјави во четвртокот директорот на производството на Мерцедес, Јерг Бурцер.
Сепак, тој не сакаше да открие кој модел на мерцедец би можел да биде преместен во фабриката во Тускалоса, Алабама.
„Сè уште го проценуваме влијанието на овие тарифи“, рече Бурцер на корпоративен настан во Штутгарт, Германија. „Имаме дефинитивни планови, но флексибилноста е апсолутно клучна.