Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ Кире Гаврилоски-Јане од Прилеп се националните шампиони на Европскиот квиз за пари 2025
Под водство на нивниот ментор, наставничката Соња Јорданоска, Марин Христоски и Алексеј Мицкоски обезбедија победа на годинешниот национален натпревар за Европскиот квиз за пари, организиран од Македонската банкарска асоцијација (МБА) со поддршка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Учениците со менторката, придружувани од одговорното лице на одделението за едукација при МБА – Јована Лозановска, со гордост ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на европското финале во Брисел, Белгија, на 23 мај.
Второто место на националниот натпревар го освоија Ана Грбиќ и Мила Игњатовска од СЕПУГС Васил Антевски-Дрен од Скопје под менторство на професорката Билјана Ниновска, а третопласирани беа Катја Ивановска и Никифор Кискоски од ООУ Љубен Лапе Аеродром, Скопје, предводени од менторката Андријана Савеска.
Овогодинешниот национален натпревар забележа импресивно учество, со 518 пријавени тимови од 91 училиште во државата, а под менторство на 104 професори/наставници. За квизот на македонски јазик беа пријавени вкупно 480 тимови, додека пак за квизот на албански јазик се пријавија 38 тимови.
Во вториот круг, чиј домаќин беше седиштето на МБА, се натпреваруваа најдобрите 4 тимови од првиот, на крајот одредувајќи го најдобриот тим.