Вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните три години оваа недела, бидејќи ескалацијата на царинската војна меѓу САД и Кина и инвеститорите се повлекоа од американските државни обврзници.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни светски валути, падна за 3 отсто минатата недела на 99,78 поени, што е најниско ниво во последните три години.
Во исто време, курсот на еврото скокна за 3,6 отсто, на 1,1355 долари, највисоко ниво од февруари 2022 година.
Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 2,3 отсто, спуштајќи се на 143,50 јени.
Остриот пад на курсот на доларот, втора недела по ред, е резултат на неизвесноста околу царините што американскиот претседател Доналд Трамп ги најави.
Минатата среда Трамп неочекувано ги одложи дополнителните, реципрочни царини за 90 дена за сите земји освен Кина, но ја задржа основната царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи. По одлуката на Трамп, многу земји рекоа дека се подготвени да преговараат. Меѓу нив е и Европската унија, која исто така ги одложи контрамерките на царините на Трамп.