Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека со сите овие компании разговарал за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најдеме на инвестициската мапа на овие светски економски гиганти.

Премиерот Мицкоски и владината делегација ја продолжува посетата на Обединетите Арапски Емирати. Во рамките на престојот во Дубаи, шефот на македонската влада остварил повеќе средби меѓу кои и со Мохамед Алабар, основач и управен директор на Игл Хилс, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди, директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.

Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека со сите овие компании разговарал за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најдеме на инвестициската мапа на овие светски економски гиганти.

Даваме сè за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани. Ги претставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори. Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој, напиша премиерот Мицкоски.