Од утре на сила стапува новата обврска за сите поголеми малопродажни бизниси – јавно објавување на цените на производите што ги нудат.

Оваа мерка се однесува на супермаркети, аптеки, салони за бела техника и мебел, како и на продавници за градежни материјали.

Надлежните велат дека доколку дојде до ненамерна грешка при објавување на цените, трговците ќе имаат можност во рок од 24 часа да ја коригираат истата без последици.

Сметаат дека трговците се подготвени и дека новиот систем ќе стартуве без потешкотии.

  • „Маркетите имаат право на грешка ово рок од 24 часа откако ќе се забележи некоја неисправност, некоја необјавена цена и имаат право да ја корегираат, а граѓанинот којшто ќе затекне ваква состојба има право да не го купи производот и има право да пријави во Пазарниот инспекторат“, објасни за Телма, Татјана Тасевска, Организација на потрошувачи.