📣 Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2024 година во категоријата Банкарство и финансии. 🙌

Со особена гордост, втора година по ред, Комерцијална банка ја прими наградата „Најпосакуван работодавач за 2024 година“ во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата vrabotuvanje.com .✨
Ова признание ја потврдува континуираната заложба на Банката за создавање позитивна, инклузивна и поттикнувачка работна средина. 🤗
Фактот дека наградата се доделува врз основа на номинирање и избор на јавноста ја прави уште повредна затоа што е доказ дека Комерцијална банка е препознаена како компанија која се грижи, ги поттикнува и ги вреднува вработените. ✅
Наташа Брова, директор на Секторот за човечки ресурси и општи работи во Комерцијална банка, во име на Банката изрази голема благодарност за доделената награда.
„Во Комерцијална банка веруваме дека Полесно е заедно и дека среќните, задоволни и инспирирани вработени создаваат исклучителни резултати. Затоа континуирано ги вреднуваме, оценуваме, унапредуваме и наградуваме согласно Merit-системот на заслуги, ги поттикнуваме на спортување и дружење, се грижиме за нивнoто здравје, но пред сѐ ги почитуваме. Оваа награда е и обврска да продолжиме да работиме на развој и мотивација на нашите вработени, кои се еден од највредниот и најголемиот капитал на Банката“, истакна Брова.
Признанијата за најдобрите работодавачи во земјава во 10 категории беа доделени вчера вечер на свечениот настан „Работодавач на годината”, организиран од страна на Vrabotuvanje.com. 😊