Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 18 и 21 април (петок и понеделник) поради прослава на Велигден.

На 19 април ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица и во Охрид.