На петте јавни повици кон крајот на минатата година, за давање под закуп на државно земјоделско земјиште, во Министерството за земјоделство се доставени 1600 понуди, а се донесени вкупно 982 решенија за доделување на околу 2862 хектари државно земјоделско земјиште на земјоделците. Според министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, наскоро ќе има и други јавни повици за давање на државно земјоделско земјиште на користење за земјоделците. Според Трипуновски, секој педа државно земјоделско земјиште ќе биде распределен на транспарентен начин.
Пред неколку дена, Министерството за земјоделство исто така информираше дека веќе е објавен повик за финансиска поддршка од 10.000 евра за секој нов земјоделец со цел продолжување на земјоделскиот процес во државата.