Претседателот на Управниот одбор на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Клаус Шваб, се повлече од функцијата, објавија од СЕФ.

„По мојата скорешна објава, и имајќи предвид дека влегувам во мојата 88-ма година, решив да се повлечам од позицијата претседател и член на Одборот на доверители“, рече Шваб во изјавата, додавајќи дека одлуката стапува во сила веднаш.

Економистот со германско потекло не понуди дополнителни информации за заминувањето од СЕФ. Одборот на оваа институција со седиште во Женева го именуваше Питер Брабек-Летмат за вршител на должноста претседател.

Управниот одбор му оддаде почит на Шваб за неговите остварувања, истакнувајќи дека тој „создаде водечка глобална платформа за дијалог и напредок“.