Минатата 2024 година беше добра за обложувалниците во Србија, во однос на деловниот успех. Имено, четири од петте водечки обложувалници ја зголемиле добивката и заедно заработиле повеќе од 120 милиони евра.
Инаку, овие компании заедно поседуваат речиси половина од сите обложувалници во Србија, пишува Нова економија. Во Србија работат 19 фирми кои имаат обложувалници. Има многу повеќе компании кои покрај класично обложување нудат и автомати – 61. Онлајн обложување имаат 27 фирми, а две казино.
Петте најголеми, кога се гледа профитот, се: Моцарт, Maкс бет, Балкан бет, Пукет и Меридиај тек. Според податоците од финансискиот извештај, 2024 година Моцарт ја завршил со добивка од околу 45,5 милиони евра.
Овој резултат претставува зголемување во однос на 2023 година, кога Моцарт оствари нето добивка од околу 40 милиони евра. Компанијата Maкс бет забележа двојно зголемување на добивката – од 11,28 милиони евра во 2023 година на повеќе од 22,16 милиони евра во 2024 година.
Така, за една година оваа компанија остварила раст на добивката од 97 отсто, додека растот од 2021 до 2024 година е дури 155 отсто.
Раст на добивката од 50 отсто имал и Балкан бет, пренесува Н1 Инфо.