Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) врши притисок врз Владата на Германија.
Целта е да ги зголеми јавните инвестиции на земјата со цел да го намали високиот трговски суфицит, пренесува Ројтерс.
Властите во земјата се соочуваат со други итни прашања како што се пензиските реформи кои ќе ја зголемат должината на работниот стаж, намалувајќи ја потребата за заштеда на работниците.
Пензиската реформа најверојатно ќе има поволен ефект врз економијата и населението на земјата, откако ќе ја зголеми потрошувачката и инвестиции и ќе го намали ризикот од сиромаштија во напредна возраст, како резултат на што е и една од основните препорачани мерки од ММФ.
И претходно се случувало ММФ или Европската комисија да ја повикуваат Германија да ја зголеми домашната побарувачка, откако ќе ги зголеми платите во јавниот сектор и ќе ја стимулира економијата преку владини инвестиции. Целта е да се спречи повторен раст на нивото на меѓународните нерамнотежи кои од ММФ ги дефинираат како отстапување од нултата вредност на тековната сметка на земјите, мерлива како% од светскиот БДП.
Американскиот претседател Доналд Трамп откако е избран постојано ја критикуваше надворешната економска политика на Германија, која претпочита зголемување на трговскиот суфицит
Извор : Фактор.мк