Стопанска банка Скопје го објави  Годишниот извештај за минатата година,  преку Македонската берза, каде што има податоци за примањата на менаџментот на Банката.

Па така, на членовите на Управниот одбор на Банката во 2017 година, им е исплатен вкупен бруто износ од 22.055.838 денари.

“Во согласност со одлуката на Управниот одбор на НБГ, сите службеници од НБГ С.А. Атина кои учествуваат во Надзорниот Одбор на СБ како претставници на акционерите не добиваат “надоместок за членство”.

Информациите за наградување што ја добиваат како вработени во НБГ С.А. Атина се сметаат за доверливи и не може да се објавуваат.

Независните членови имаат право на надомест во нето износ од 400 евра на месечна основа за нивно учество во Надзорниот одбор и нето износ од 100 евра (за претседателот) и нето износ од 50 евра (за членовите) по седница за нивно учество во Одборот за наградување“, велат од Банката.

 

Врз основа на плата и надоместоци од плата, проф. Филиповски примил бруто износ од 1.800.364 денари (годишно) како вработен на Економскиот факултет во рамки на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје.

Врз основа на плата и надоместоци од плата, проф. Ќосев добил бруто износ од 1.633.206 денари (годишно) како вработен на Економскиот факултет во рамки на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје.

“Покрај членовите на Надзорниот одбор и на Управниот одбор, во текот на 2017 година СБ имаше 35 други лица со посебни права и одговорности (согласно Статутот на СБ, останати лица со посебни права и одговорности се: сениор директори, секторски директори и заменици секторски директори и директори за специфични прашања).

Во 2017 година, вкупен бруто износ од 62.394.446 денари е исплатен на останати лица со посебни права и одговорности“, велат од Банката.

На крајот од 2017 година, вкупната кредитна изложеност кон лицата со посебни права и одговорности изнесува 62.568.060 денари, што претставува 0,60% од сопствените средства на Банката (значително под регулаторниот лимит од 3% од сопствените средства на Банката по лице со посебни права и одговорности и лицата поврзани со него), велат од Банката.